Категории

Избегал од затвор, живеел 10 години на Канарските острови, па му се здосадило и се пријавил сам во полиција

Маж кој побегнал од затвор во Австрија пред повеќе од 10 години, се пријавил во полицијата во Салцбург велејќи дека му здосадил животот на шпанските Канарски острови.

Полицијата соопштил дека на 20-ти април, 64-годишен маж влегол со 2 куфера во полициската просторија на железничката станица во Салцбур кажувајќи дека е побегнат затвореник кој само што пристигнал од аеродромот во Минхен. Човекот раскажал дека повеќе од 10 години живеел на островот Тенерифе- популатно туристичко место и дека посакал да се врати дома бидејќи островот веќе не е убав како што бил порано. Тој исто така додал дека таму престојувал доволно долго и дека сега сака да ја одслужи својата казна.