Категории

Најдете време за своите деца и направете ги посреќни

Многу родители во трката за подобар финансиски и социјален статус немаат доволно време и енергија за своите деца. Сепак има неколку начини со кои можете да најдете време за комуникација со своите деца, за тие да бидат посреќни и да изградат добар карактер.

Разговарајте
Дури и ако сте зафатени со готвење вас само рацете ви се зафатени. Искористете го ова време за разговор со детето. Разговарајте за нивните интереси, престојните настани или прашајте го детето како го поминало денот. Задоволството ќе биде и ваше и на детето. Дури и разговор од 5 минути дневно може да има голема улога во животот и развојот на децата.

Читајте заедно
Заедничкото читање може да направи чуда, ја развива концентрацијата, упорноста и трпението кај детето. На возраст од 12 години детето можеби ќе престане да чита заедно со вас, но сеќавањата на заедничкото време ќе останат со него до крајот на животот.

Земете ги децата со себе
Не мора да го правите тоа секогаш кога ќе одите некаде. Но, можете да го земете детето со себе кога одите да однесете некои работи на поправка, или пак да одите заедно на пазарење. Тоа е добар начин детето да се запознае со светот на возрасните.

Престанете да бидете окупирани со чувството на вина и да го пренесувате истото на вашето дете
Дури и ако немате време за одење во кино или во забавен парк со вашето дете, а викендот ви поминува во чистење- нема потреба да се чувствувате виновни.

Не губете време на моралисување и на ситници
Нема потреба да го предупредувате детето и да му викате само затоа што не го исклучува светлото или заборава да ја затвори вратата од тоалетот. Дури и ако разговарате за правилата на однесување, можете тоа да го направите на смирен начин- тогаш секое дете ќе се согласи да ги слуша вашите аргументи.

Прегледи:
555
Објавено на:
30.04.2019