Светско познатото кореографско име Лео Мујиќ деновиве е во Скопје. Тој по покана на управата на Театар Комедија е задолжен за кореографијата на најновата премиера „Жени пред нервен слом“ во режија на Иван Лео Лемо.
Премиерата е закажана на 14 мај на големата сцена на театарот. Од управата на театарот се презадоволни што токму Лео Мујиќ е задолжен за кореографијата на новата премиера и дека тој со задоволство ја прифатил поканата. Сепак можеме да донесеме заклучок дека Театар Комедија чекори квалитено напред.