Овој напиток е едноставен за подготовка, а вкусот е магичен.
Состојки:
- 2 банани
- 1,5 шолја млеко
- 50 гр брусница
- 1 лажичка мед
Подготовка:
- Излупете ги бананите, исечкајте ги на парчиња и ставете ги во блендер.
- Додадете ги брусницата и медот и матете додека не добиете густа хомогена смеса.
- Ставете млеко или јогурт и повторно матете.
- Ставете го напитокот во чаша, а може и да додадете парчиња банана, остатокот од брусницата или овесни снегулки.