Принцот Хари и Меган Маркл денес со гордост го претставија на светот нивниот мал наследник, принцот чие име е Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор.
Откако Меган Маркл се породи во понеделникот утрото во 5:24, ова е прв пат како се појави во јавноста. Синот го држи гордиот татко, принцот Хари.
Војвотката пред камерите истакна дека ги има двајцата најдобри момци во светот.
-Ова е неверојатно,ги имам двајцата најдобри момци во светот, многу сум среќна. Има прекрасен карактер, многу е смирен, ова е како да сонувам, овие денови навистина биле посебни- сподели пресреќната Меган, а принцот Хари со насмевка додаде: „Само се прашувам од кого го наследил тоа“.
Принцот Хари откри дека изгледот на бебето секој ден се менува.
-Да бидеш родител е навистина прекрасно. Го имаме само 2-3 дена и навистина сме пресреќни што го добивме нашето прво дете-додаде Хари.
Првото дете на Принцот Хари и Меган Маркл се вика Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор. Меган откри дека малото момче своите прабаба и прадедо, кралицата Елизабета и војводата, ќе ги запознае во текот на денот.
На прашањето на новинарите на кого личи бебето, Меган одговори дека тоа се уште се обидуваат да го откријат.