Категории

Истражувањата докажаа: Најсреќни сме кога патуваме!

Иако шопингот и друштвото со пријателите не прават среќни, сепак ништо не дејствува толку силно на нашиот мозок како патувањето.

Научниците на Универзитетот „Cornwell“- Њу Јорк, одлучиле да откријат што ги прави луѓето најсреќни. Тие се обиделе да утврдат колку се среќни луѓето кога ќе купат нешто, или кога ќе им биде подарено нешто. Истражувањата покажале дека таквите работи создаваат големо чувство на среќа, но тоа не е долготрајно и по одреден период исчезнува. Тоа доведува да луѓето мора константно да си купуваат нешто за себе си или да добиваат подароци за да го имаат истото чувство на среќа.
Меѓутоа постои една работа која покажала дека создава вистинско и најсилно чувство на среќа кај луѓето, а тоа е патувањето.
Истражувачите откриле дека чувството на среќа кое се создава кога негде ќе отпатуваме е неверојатно големо и тоа чувство е се поголемо како патуваме на места за кои сме мислеле дека се недостижни. Меѓутоа, тоа што ги фасцинирало научниците е податокот дека среќата по патувањето не исчезнува и го исполнува човекот до крајот на животот.
Секое патување длабоко се врежува во спомените, што значи дека на него се сеќаваме уште многу години и секогаш одново ја чувствуваме истата среќа.
Ако сакате да бидете среќни и насмеани, почнете да патувате и ќе видите како животот може да биде многу поубав. Не мора тоа секогаш да бидат далечни дестинации, истражете ја и нашата преубава Македонија.