Двајца крадци во Луизијана за само една ноќ успеале да извадат дури 124 тркала од автомобилите на паркингот на еден продажен салон.
Менаџерот Мет Брауер утрото кога пристигнал на работа го затекнал паркингот полн со автомобили на дрвени блокови, без тркала.
Не е соопштен бројот на автомобили кои биле ограбени, но простата математика кажува дека се работи за 31 возило.
На паркингот имало многу автомобили „Toyota RAV4“ од 1994 година кои имаат и резервно тркало на задната врата, па затоа реалната бројка е 24-25 автомобили.
Менаџерот на салонот за автомобили тврди дека крадците свесно целеле на 20 инчните и поголемите бандажи, кои речиси без изклучок се алуминиумски.
„Ги обиле бравите, ги онеспособили алармите и надзорните камери и манипулирале со осветлувањето на паркингот за да можат да работат во целосен мрак, без да бидат приметени“- соопштила полицијата.
Полицијата се сомнева дека кражбата е изведена од професионална група која отуѓила роба во вредност од 124 000 долари.
Тандемот си заминал со 124 тркала кои ги сместиле во мал камион.
Сопственикот на салонот понудил парична награда во износ од 25 000 долари за информација која може да доведе до крадците.