Категории

Наскоро ќе бидеме сведоци на трки со автомобили роботи

Компанијата „Roborace“ креирала неколку роботски автомобили кои сега се прототипови, но ќе демонстрираат како би изгледале трките во иднина. Целта на оваа компанија е да произведе автономни тркачки автомобили кои ќе можат да возат без возач и ќе и донесат на публиката поголема забава.

Проблемот со трките во кои учествуваат луѓе е во тоа што луѓето мора да се ограничуваат за да ги зачуваат своите животи, затоа што трките се еден од најопасните спортови. Кога трките ќе се одвиваат со автономни возила, тој ризик ќе биде исклучен и тие автомобили може да возат до самите граници.
Претставени се три верзии на DevBot 2.0 автомобили и компанијата тврди дека овие автомобили возат сами и возач воопшто не е потребен.
Сепак, трката е измислена па затоа човечки фактор мора да биде присутен, но во бокс. Во боксот тимовите ќе ги контролираат автомобилите давајќи им одредени команди со кои би преминале во водство и би биле повеќе ефективни, но нема да има миг кога некој преку компјутер директно ќе го управува возилото, туку автомобилот тоа сам ќе го прави во сите ситуации.
Човечкиот тим ќе биде таму само за да го насочува возилото и да му задава нови задачи кои ќе мора да ги исполни.
Пробната трка е закажана за неколку недели, а ако се помине во најдобар ред, во 2021 година ќе го гледаме и првиот роботски шампионат кои ќе се вози по стазите на Формула 1.

Прегледи:
602
Објавено на:
12.05.2019