Категории

Направете неодолива бисквит торта! (РЕЦЕПТ)

Овој освежителен десерт го обожуваат Британците, а сигурни сме дека ќе ве маѓепса и вас!

Состојки за бисквитот:

  • 250 гр масло
  • 250 гр шеќер
  • 5 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 250 гр брашно
  • 1 лажица прашок за пециво
  • прстофат сол

Состојки за филот од малина:

  • 700 гр малини
  • 500 гр шеќер
  • еден исцеден лимон
  • 500 мл слатка павлака
  • 4 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Изматете го маслото и шеќерот за бисквитот, додадете прстофат сол и матете додека не добиете светла, кремаста текстура. Додавајте ги едно по едно јајцата, па добро изматете. Додадете го екстрактот од ванила, матете уште кратко. Добиената смеса распоредете ја во два помали калапи (20 цм) кои претходно сте ги обложиле со хартија за печење. Печете на 190 степени Целзиусови околу 25 минути до половина час. Извадете го од рерна кога ќе се дигне на средина и добро оладете го. За подготовка на намазот во сад ставете 500 гр исчистени малини, додадете шеќер и лимонов сок. На тивок оган варете додека не се стопи шечерот. Потоа зголемете ја температурата и варете уште пет минути со постојано мешање за да добиете џем. Слатката павлака додадете ја во цврстиот крем. На дното ставете една бисквита, па премачкајте ја со џемот од малини. На џемот нанесете и слатка павлака. Преклопете ја со другата бисквита, ставете шеќер во прав и послужете.

Добар апетит!

Прегледи:
579
Објавено на:
15.05.2019