Категории

Како влијае прошетката на дожд врз нашето здравје?

Многу луѓе се согласуваат со фактот дека прошетката по дожд влијае позитивно на здравјето на човекот. Кога времето е дождливо, облечете се соодветно, не го заборавајте чадорот и уживајте во дождот.

8 причини зошто прошетката на дожд е добра:

  • Има помалку луѓе

Многу луѓе „бегаат“ од дождот, па затоа ако ви е потребен мир и тишина, дождливите денови се идеални за вас. Така и полесно ќе се движите и никој нема да имате на вашиот пат.

  • Воздухот е почист и посвеж

Воздухот е навистина почист по дожд бидејќи капките имаат способност да впијат различни честички и да го прочистат воздухот.

  • Мирисот на дожд смирува

Многу луѓе го обожуваат мирисот на дожд, а тој има посебно име и се нарекува петрикох. Мирисот е микс на хемикалии кои ги испуштаат бактериите од земјата, масло кое го испуштаат билките и озон.

  • Влажноста е добра за кожата и здравјето

Високото ниво на влажност во воздухот ни помага кожата да ни остане влажна и младолика. Некои истражувања тврдат дека кога влажноста ќе се искачи на 43% и повисоко, речиси 3/4 од вирусите во воздухот се „безнадежни“.

  • Прошетката на дожд ни помага да прифатиме некои работи

Прошетката по дожд не прави повеќе свесни за нашата немоќ. Таа ни помага да го истренираме мозокот да се препушти на животот. Дождот може да ни помогне во тешките моменти да се помириме со губитокот.

  • Прошетката по дожд согорува повеќе калории

Јапонските истражувачи дошле до сознание дека кога некој има физичка активност на ладно или дождливо време, согорува повеќе калории во однос на истата активност, но во топол сончев ден.

  • Прошетката по дожд ни помага да ги согледаме работите од друга перспектива

Без разлика дали е темно или светло, речиси се се гледа сосема поинаку кога надвор врне дожд. Тоа може да им помогне на луѓето да ги согледаат проблемите од друг агол, но и предизвиците со кои се соочуваат.

  • Се чувствуваме бунтовно

Понекогаш имаме потреба само да прекршиме некое правило, а прошетката по дожд е всушност идеално решение тоа да го направиме на здрав начин. Само внимателно, пожелна е соодветна облека за да се избегнат настинките.

Прегледи:
1115
Објавено на:
16.05.2019