Категории

23 пати се искачил на Монт Еверест и го срушил сопствениот светски рекорд

Непалскиот алпинистички водич Ками Рита денес го собори својот светски рекорд така што 23 пати се искачи на Монт Еверест.

Рита кој има 49 години се искачи на кровот на светот од јужната страна на Монт Еверест во 7:50 по локално време. Алпинистот овој познат врв прв пат го искачил во 1994 година кога имал 24 години. Едно од неговите 23 искачувања е направено од кинеската страна, 2016 година. Рита истакнува дека сака да го освои Монт Еверест најмалку 25 пати.
Сезоната на искачување на Еверест 2019 официјално започна во вторникот кога 8 непалски водичи за искачување стигнаа до врвот.
Едмунд Хилари и Тензинг Норгај се првите луѓе кои во 1953 година го искачиле врвот Монт Еверест. Од тогаш па до сега овој врв го освиле околу 4 000 алпинисти.

Прегледи:
598
Објавено на:
17.05.2019