Категории

Како влијаат на нас рекламите за брза храна?

Рекламите се начин да се промовира брендот и тој да се доближи до купувачите. Многу често се случува по прикажување на реклама за брза храна да се јави потреба за јадење на таква храна. Научниците откриле зошто.

Научниците од Универзитетот во Мичиген направиле голема студија во која учествувале адолесценти. Во текот на експериментот им биле прикажани реклами за брза храна и реклами за здрава храна на телефон. Според резултатите, во текот на гледањето на видео записи за брза храна, воочена е најголема активација на мозокот кај адолесцентите, па како резултат на тоа и зголемено чувство на глад.
Важно е да се напомени дека се ова се случувало на подсвесно ниво.
„ Некое време по гледањето на рекламата можете да побрзате кон кујната барајќи храна и нема да имате ни време да воспоставите врска помеѓу тоа што сте го виделе на телевизија и зашто одеднаш сте добиле желба за храна. Не се работи за потреба за внес на калории- сакате непосредна психолошка награда во квалитетот на храната“, истакнуваат авторите на студијата.

Децата кои се посебно емотивно поврзани со брзата храна се повеќе подложни на таквите реклами. Научниците проценуваат дека децата почнуваат да ги паметат брендовите на возраст од само 2 години.
Кога емотивната поврзаност се формира во почетната фаза на развојот, тешко е подоцна да се прекине. Па, зависноста од брза храна кај современите деца почнува од рана возраст. Неодамнешната студија исто така покажала дека константната употреба на брза храна го зголемува ризикот од појава на депресија.

Прегледи:
760
Објавено на:
17.05.2019