Училиштето Монтекастело во Виго, Шпанија минатата година објави дека ќе воведе часови по домашен буџет и домачински задачи. Овие чассови се предвидени за момчињата каде што ќе имаат можност да научат како се пеглаат алишта, како се готви ручек, како се шие, а истовремено ќе имаат часови од областа на столаријата, ѕидарството, електриката, како и водоводството.
Часовите ќе бидат доброволно одржани од страна на професори и асистени, но во предавањето ќе се вклучат и татковците на момчињата.
На овој начин, училиштето сака да ја сруши стигмата и стереотипите кои ја поттикнуваат родовата нееднаквост и да изгради еднакви вредности и за двете страни, преку овие активности, при што слоганот на проектот гласи: „Еднаквоста се учи преку дела!“
Габриел Браво, координаторот на проектот вели:
„Корисно е нашите ученици да ги знаат овие вештини, така што, кога ќе оформат семејство, да се вклучат од самиот почеток и секогаш да бидат свесни дека домот е обврска на двајца.“
Идејата се родила кога училиштето барало начин како да интересен и креативен начин да ја промовираат родовата еднаквост меѓу учениците. Предлогот бил одлично прифатен од родителите, иако на почетокот, за учениците било малку непријатно извршувањето на овие активности.