Салвадор Дали е шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД. Овој екстравагантен уметник познат по своите необични мустаќи и ексцентрични убедувања и претставува еден од најзначајните уметници на 20-тиот век. Во негова чест ви претставуваме некои од неговите најпознати мисли!
Постои само една разлика помеѓу мене и лудакот. Лудакот мисли дека е нормален, а јас знам дека сум луд.
Интелигенцијата без амбиција е како птица без крилја.
Сликањето е најискрената уметност во која нема можност да излажеш. Или е добро или е лошо.
Постојат денови кога помислувам дека ќе умрам од предозирање со задоволство.
Кога некоја жена купува машка кошула, тогаш е заљубена. Кога ја пегла, тогаш е омажена. Ако притоа и пее, тогаш е и првото и другото.
Кога имав 6 години, сакав да бидам готвач. Кога наполнив 7, сакав да бидам Наполеон. И мојата амбиција продолжи да расте понатаму.
Разликата помеѓу вистинските и лажните спомени е иста како и разликата помеѓу вистинските и лажните дијаманти: оние лажните секогаш изгледаат вистински и сјаат со најсилен сјај.
Не се плашете од совршенството. Никогаш нема да го достигнете.
Затоа што не пушам, одлучив да носам мустаќи, што е подобро и по моето здравје.
Војните никогаш не повредиле никого освен луѓето кои погинале.
Доколку се однесуваш како гениј, тоа и ќе бидеш!
Поставени како двајца стражари, мустаќите го забрануваат пристапот до мојата личност.
Тајната на моето влијание отсекогаш била во тоа што остана тајна.