Да се вратиме во минатото кога нашите родители биле млади и наместо да седат на кафе, оделе на кино. Да се вратиме во времето кога седмата уметност била ценета и кога големото платно зближувало луѓе. Затоа, дојдете заедно да отпатуваме во добата на платното и уметноста.
Вака е најавен настанот кој ќе се одржи во Велес на 31 мај (петок) од 19 часот. Филмската вечер ќе се организира како последен настан од младинската локална иницијатива „Биди промената“.
Филмот ќе биде одраз на сите активности што 9те млади ентузијасти ги спроведоа во Општина Велес, односно настаните „Нашата волонтерска приказна“ и „Една идеја, една цел“.
За сите заинтересирани, за да си резервираат место, може да се регистрираат на следниот линк каде што ќе добијат седиште и билет. Нема лимит за возрастa на присутните.
Филмската вечер ќе се одржи во салата „Бели мугри“ во Велес.
Инаку, „Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат го имплементира, a e поддржан од Mladiinfo преку проектот Youth Bank Hub Western Balkan and Turkey е финансиран од Европска Унија и спроведуван од 5 организации од регионот.