Категории

Секој трет жител е милионер: Оваа европска земја е вистински рај! (ФОТО)

Владата ја реинвестира заработката од туризмот и другите капитални добивки назад во заедницата за да го подобри квалитетот на животот.

Станува збор за втората најмала држава во светот после Ватикан, и најмалата држава во западна Европа, позната и како „игралиште за ултра-богаташи“ – Монако.

Од 38.000 луѓе, колку што живеат во Монако, околу 12.261 се милионери, според извештајот на Knight Frank Wealth од 2019. година. Тоа значи дека околу 32% од населението на Монако (тоа е речиси третина) се милионери. Како што е зачудувачка концентрацијата на богатство, така и фактот дека во Монако практично нема сиромаштија.

Владата ја реинвестира заработката од туризмот и другите капитални добивки во заедницата за да го подобри квалитетот на животот и да ги привлече богаташите да доаѓаат и купуваат недвижности.

Голем број на туристи ги привлекуваат коцкарниците, кои се главен извор на приходи. На граѓаните државата не им пресметува данок на приходите, поради што во Монако се доселија голем број на луѓе кои настојуваат да го избегнат оданочувањето во матичните држави.

Од друга страна, во Монако владее средоземна клима со благи зими и топли, но не врели лета, што дополнително ја прави дестинацијата примамлива за ултра-богатите луѓе.

Становите во Монако чинат од 2.2 до 22.3 милиони долари, додека пентхаусите чинат и до 55 милиони долари, а за мал еднособен стан треба да издвоите 1.6 милиони долари.

Меѓу милионерите кои живеат во Монако, во главниот град Монте Карло, се пресели и српскиот познат тенисер Новак Џоковиќ со семејството.

Прегледи:
770
Објавено на:
29.05.2019