Категории

Трагична вест: Поранешната ѕвезда на Арсенал, Хосе Антонио Рејес, загина во сообраќајка

Трагична вест ни доаѓа денес од Шпанија. Поранешната ѕвезда на Арсенал, 35 годшниот Хосе Антонио Рејес, загина утрово во страшна сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила во близина на Севиља, а фудбалската ѕвезда како што пишуваат светските медиуми, се враќал дома кај неговата жена и деца.

Привичните резултати од истрагата за трагичната несреќа  велат дека причина за незгодата е пребрзо возење.

Првичните информации се дека автомобилот со кој управувал Хосе Антонио Рејес се движел со повеќе од 200 километри на час и во еден момент изгубил контрола и излетал од автопатот, а автомобилот откако удрил во заштитната ограда, се превртел неколку пати и изгорел.

Фудбалерот не бил сам во автомобилот, со него починал и неговиот 23 годишен братучед Џонатан Рејес и трето лице кое има само изгореници.

Станува збор за автомобил Мерцедс Брабус с550.

Инаку, славниот фудбалер беше дел од непобедливиот тим на Арсенал, со кој ја освоија Премиер лигата. Имаше три деца ќерките Ноелиа и Триана и синот Хосе Антонио Џуниор, со сопругата Ноелиа Лопез.

Прегледи:
557
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
01.06.2019