Категории

Еден ден ќе се појави тој и ќе ти помогне да сфатиш дека си повеќе од доволна…

Знам дека си исцрпена. Уморна си од разочарувања. Помина низ многу тешки моменти и мислиш дека животот никогаш нема да биде добар со тебе како што е за поголемиот дел од луѓето.

Те гледам и го гледам тивкиот очај на твоето лице. Губиш надеж.

Ја гледам тагата која се рефлектира во тие светли, безнадежни очи. Гледам дека многу патиш. Се обидуваш да ја сокриеш болката, но не можеш. Твојата душа е транспарентна. Без разлика колку и да се трудиш да ги сокриеш твоите стравови и да му покажеш на светот дека си бестрашна, сепак не си.

Ја чувствувам борбата во твоето срце. Тоа кршливо, нежно и повредено срце. Обвиткана е околу тебе како парче ѓубре. Сакаше повеќе отколку што твоето срце можеше да поднесе со надеж дека ќе го добиеш истото за возврат. Им дозволи на луѓето да те убедат дека ти си единственото нешто што им треба воо животот. Но секој пат, остана скршена и предадена.

Можам да го видам сето тоа и многу повеќе отколку што мислиш. Твојот поглед те издава.

Но, кој би можел да те обвини?

Кој би можел да те обвини за подарувањето на твоето срце?

Кој би можел да те обвини поради вербата во љубов?

Запомни го ова. Ти не си грешка. Ти не си глупава поради љубовта која си ја давала на луѓето од дното на твоето срце. Овој свет е премногу суров и брутален. Не си ти крива затоа што си тоа што си.

Луѓето немаат чувство за солидарност и емпатија. Тие не се грижат за емоциите на другите луѓе. Тие не се грижат дали си повредена или не сѐ додека можат да те искористат уште еднаш за да го добијат она што го сакаат. Тие немаат милост.

Но, тоа не значи дека треба да се откажеш.

Знам дека е тешко да продолжиш напред после сѐ низ што помина, но не смееш да изгубиш верба. Да, секој од нив го скрши и го оштети твоето срце и твојата душа. Те претворија во огорчена жена и порди нив изгуби верба.

Но, еден ден ќе се појави личност во твојот живот и оваа личност ќе ти помогне да сфатиш дека си повеќе од доволна. Ќе се појави кога најмалку ќе очекуваш. Ќе биде како на филмовите.

Вашите очи ќе се сретнат, вашите души ќе се соединат и токму во тој момент, ќе знаеш дека таа е личноста која ја чекаше целиот твој живот.

Оваа личност ќе ти даде сѐ што некогаш си посакувала. Ќе те сака повеќе отколку што можат зборовите да опишат. Ќе ти докаже дека љубовта навистина постои. Ќе направи да се запрашаш дали воопшто некогаш си сакала претходно? И најважно од сѐ, ќе те прифати онаква каква што си.

Не знам кога и како ќе се случи тоа, но знам дека еден ден ќе ја најдеш таа личност.

Затоа, не очајувај. Не дозволувај да се удавиш во самосожалувањето. Не се измачувај.

Целото твое досегашно искуство те направи да бидеш личноста која си денес. Тешко е и болно да продолжиш да се движиш без разлика на сѐ, но ти тоа го правиш. Сите овие искуства, без разлика колку и да се лоши, се создадени за да ти го покажат патот до твојата сродна душа. Патувањето може да биде долго, но ќе стигнеш. Никогаш не се сомневај во тоа.

Еден ден ќе ја запознаеш личноста од своите соништа и ќе ти помогне да сфатиш дека ти си и повеќе од доволна.
Прегледи:
558
Објавено на:
11.06.2019