Категории

На 20. јуни ќе се одигра балетската претстава „Либертанго“ во НОБ

На 20 јуни (четврток) во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, публиката ќе може да ужива во балетската претстава „Либертанго“ – Астор Пјацола.

ЛИБЕРТАНГО нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена.

Кореограф: Сабрина Боско (Италија)

Режисер и либретист: Наташа Поплавска

Сценограф и костимограф: Александар Ношпал

Настапуваат:

Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова

Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија)

Марија Нивес Рего: Марија Кичевска Шокаровска

Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски

Прегледи:
526
Објавено на:
13.06.2019