Категории

Истражи ја Крива Паланка- поврзи се со природата – Богата културна програма по повод денот на сесловенските просветители

Во чест на 24 мај, денот на сесловенските просветители и учители светите Кирил и Методиј во Крива Паланка секоја година се прославува денот на просветата и културата. Настанот е во организација на Општина Крива Паланка во соработка со основните и средните училишта од градот.

Прославата на овој ден покрај останатата програма во рамки на училиштата и образовно – воспитните установи е крунисана со организирање на свечена академија со свечена програма и доделување на награди за најдобар просветен работник и најдобар ученик. Светите Кирил и Методиј преку нивната работа влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука на словените на овие простори, со што се сметаат за основоположници на писменоста во Македонија и пошироко кај словенските народи.

Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, оваа година во Крива Паланка одбележан со богата културна програма:

  1. Промоција на публикација по повод 205 години од првото дело на Јоаким Крчовски;
  2. Поставување на биста на просветителот Јоаким Крчовски во матичното учичиште;
  3. Изложба на фотографии под покровителство на Словачкиот амбасадор Хенрих Маркуш, во чест на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј;
  4. Свечена академија за избор на просветен работник на годината и прогласување на ученик на генерација;
  5. Свечена литургија во чест на Јоаким Крчовски и
  6. Панихида и возобновување на гробното место на Јоаким Крчовски во црквата Св.Димитрија.

 

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија

Прегледи:
477
Објавено на:
18.05.2019