Случаен минувач го пронашол ова бело, преслатко суштество залутано насред пат во Калифонија. Кога му се приближил, возачот раскажува дека најпрво мислел дека е јагне поради белата боја.
Неретко се случува да се роди албино срна, меѓутоа реткост е да остане без својата мајка на таа возраст.
Оваа слатка срна ја нарекле Дух и таа веќе одлично напредува и расте. За неа се грижи обучен тим на рехабилитатори за дивиот свет, кој го следи секој нејзин чекор. Дајан Николас, претседател на засолништето, ги спасува сирачињата кои не се доволно возрасни за да преживеат самостојно. „Таа во моментов напредува многу добро. Јаде и ја зголемува својата телесна тежина!“
Во текот на следните шест месеци, спасителите на Дух ќе ѝ помогнат да научи како да се храни и да се дружи со други срни надевајќи се дека наскоро таа ќе биде вратена во дивината.