Прифаќањето на принципите на правилна исхрана не треба да се сфати како одрекување од секакво задоволство, туку како голем чекор кон постигнувањето и зачувувањето на доброто здравје.
Овие 10 чекори ќе ви помогнат да ја добиете посакуваната витка линија без одрекување:
- Треба да имате желба да ја постигнете и одржите посакуваната телесна маса во текот на животот.
- Секојдневната исхрана треба да биде заснована на намирници од цело зрно, зеленчук, овошје и мешунки.
- Потребно е да практикувате секојдневна физичка активност.
- Обидете се да го огранилите внесот на брзата храна.
- Високо преработените намирници во што поголем број да се заменат со сирови.
- Конзумацијата на месо и месни производи треба да се ограничи на препорачаната количина.
- Внесот на сол треба да се намали.
- Да се подигне свеста за конзумирање на десерти во разумна мерка.
- Омилените напитоци може да се конзумираат со нискокалорични засладувачи.
- Да се ограничи внесот на алкохол.