Категории

НАСА ќе ја испрати првата жена на Месечината

Од 1969 до 1972 година во 6 мисии на НАСА наречени по грчкиот бог Аполон, 12 мажи успешно слетале на површината на Месечината. НАСА планира да испрати и жена.

Речиси 50 години подоцна НАСА планира да ја испрати првата жена на Месечината.
Но, ова не е уште една мисија „Аполо“. Се работи за нова програма која се вика Артемис, по грчката богиња на месечината и сестрата близначка на Аполон.
Целта не е само да се слета на Месечината до 2024 година, туку и да се создаде одржлива присутност на САД до 2028 година.


„Првата жена и наредниот маж“ ќе слетаат на јужниот пол на Месечината каде ниедна личност до сега не била.
По трагедијата со спејс шаталот од 2003 година, НАСА напорно работи на тоа да испрати луѓе на Марс.
Меѓутоа, претседателот Доналд Трамп во 2017 година наредил агенцијата да го врати својот фокун на Месечината. Одржливата база на Месечината би можела да послужи како неопходна попатна станица на патот кон Марс.

НАСА интензивно работи на тоа да стави луѓе на Месечината до 2028 година. Па, затоа 2024 година стана нова цел.

 

Прегледи:
633
Објавено на:
02.07.2019