Категории

Една непреспиена ноќ прави големи промени во организмот

Многумина кои си го скратуваат сонот не се свесни на последиците со кои се соочува нашето тело само после една ноќ без сон.
После цела непреспиена ноќ во организмот се случуваат драстични последици и на телото му е потребно многу време да се врати во одморена состојба.
Според стручните лица, 8 часовен сон е круцијален за организмот да може нормално да функционира во текот на денот. Ефектот од непреспиена ноќ може да се спореди со алкохолизирана состојба на организмот.
Студиите покажале дека ако човекот достигне 17 до 19 часа без сон, неговиот организам ќе се однесува исто како телото на алкохолизирана личност. Ако биде буден повеќе од 19 часа, неговиот организам ќе функционира полошо од кај алкохолизирана личност.
Доктор Дејвид Грунер, од здружението на хирурзи во Њујорк, истакнува дека информациите кои ги добиваме во текот на денот се обработуваат додека спиеме.
Грунер додава дека за време на сонот нашиот мозок одмара и по будењето е подготвен да ги решава новите проблеми, да се сконцентрира на околината и правилно да расудува.
Затоа тој тврди дека тие кои немале квалитетен сон не се во состојба да запаметат многу нови информации.
Ако останете будни и без сон само една ноќ ќе треба многу време за да се опорави вашиот биолошки циклус кој регулира бројни неурохуморални процеси во мозокот и на тој начин ги контролира дневните, ноќните и бројни други функции на сите најважни органи во организмот.
Ако не сте во можност да се наспиете, обидете се барем да јадете здрава храна наредните 24 часа. Исто така, внесувајте доволно течности и избегнувајте го кофеинот.
Прегледи:
584
Објавено на:
02.07.2019