Категории

Го преживеавме најтоплиот јуни досега!

Агенцијата за сателитско пратење на Европската унија соопшти дека овој јуни бил најтоплиот јуни некогаш забележан на планетата.

Податоците од Сервисот за климатски промени Коперникус (C3S) покажуваат дека глобалната просечна температура во јуни на глобално ниво била повисока од нормалната, додека во Европа била во просек повисока за околу 2 степени целзиусови од вообичаените вредности за тој месец.
Според податоците од (C3S), глобалната просечна температура била повисока за околу 0.1 степени целзиусови од претходниот најтопол јуни во 2016 година.


Податоците покажуваат дека во јуни просечните температури биле повисоки за околу два степени целзиусови од нормалните, додека во Франција, Германија и Шпанија во текот на последните денови од минатиот месец температурите биле за повеќе од 6-10 степени од просекот.
(C3S) наведува дека иако оваа појава за сега не е можно директно да се поврзе со глобалното затоплување, токму заради глобалното затоплување во иднина треба да се очекуваат почести топлотни бранови.

Прегледи:
534
Објавено на:
05.07.2019