Пиењето кафе пред тренинг и не е така лоша идеја, а еве и зошто..
Кафето дефинитивно е омилениот напиток во целиот свет, а причината е тоа што во себе содржи кофеин кој ни дава енергија и не разбудува. Меѓутоа, многумина си го поставуваат прашањето: дали кафето е добро пред тренинг?
Списанието „Journal of Applied Physiology“ спровело истражување на оваа тема. Целта на истражувањето била да се провери користа на кафето и дали тоа е корисно кога се во прашање тренинзите.
Утврдено е дека кафето позитивно влијае на тренингот и ни овозможува да бидеме поактивни, поексплозивни, поенергични и поиздржливи. Кафето како посебно добро се покажало кај луѓето кои тренирале во теретана. Тие кои пиеле кафе пред одењето во теретана имале 40% подобри резултати во теретана.
Резултатите покажале дека личностите кои конзумирале кафе пред тренингот оствариле подобри резултати и вежбите и режимот на тренингот го поднеле многу подобро.
Меѓутоа, има и други предности од кафето.
Тие кои пиеле кафе имале помал апетит, па кафето им помогнало да се изборат со вишокот килограми.
Маана на овој напиток е тоа што е диуретик, а тоа значи дека ја исфрла водата од телото, па затоа мора секогаш да носите вода со себе додека тренирате и да се хидрирате.