Категории

Форд го претстави новиот ѕвер наменет за стазите на брзините

GT Mk II е модел создаден само за тркачки стази.

Форд го претстави новиот автомобил и се подготви за овогодинешниот „ Goodwood“ фестивал на брзините. Тркачката верзија на популарниот GT модел ги импресионирала сите љубители на брзините.


Под хаубата се наоѓа 3.5 литарски V6 мотор кој развива 700 коњски сили и му овозможува на возачот да постигне брзина поголема од 300 km/h. Овој модел содржи и дополнителни спојлери, дифузори, усисувачи за воздух, па силата на примање ја зголемува за 400% во однос на оригиналниот GT модел.


Ентериерот на возилето е максимално изменет и прилагоден да одговара на намената. Има тврди тркачки седишта, специјален волан и командна табла која му овозможува на возачот да го подесува возилото и неговите функции според желбата. Исто така и тежината на автомобилот е намалена во споредба со оригиналот, па овој модел е 150 килограми полесен и со самото тоа побрз.GT Mk II ќе биде ограничена серија која ќе се произведува во само 45 примероци, додека цената изнесува 1.2 милиони долари.

Прегледи:
613
Категории:
Автомото · Спорт
Објавено на:
10.07.2019