Категории

Секојдневно татко го пренесува синот во пластична кеса преку реката за да не се намокри на патот до училиште!

Децата во ова село во Виетнам знаат колку е важно образованието доколку сакаат да се издигнат од сиромаштијата која владее и даваат надчовечки напори да присуствуваат на наставата. Дури и кога тоа значи поминување на реката на патот кон училиште во пластична кеса.

 

Секое утро, таткото го става својот син во пластична кеса која ја затвора внимателно сѐ со цел да ја премине реката со него која се наоѓа на патот кон училиштето, а детето да остане суво и да може да присуствува на часовите.

Директорката на училиштето кое го посетува ова дете вели дека мора да се направи нешто во врска со овој проблем. „Поплавите го поделија нашето село на два дела. Во нашето училиште има повеќе од 50 деца оттаму кои се обидуваат да присуствуваат на часовите, но навистина е тешко“, вели директорката Nguyen Thi Thuy.

„Се надеваме дека во наредните школски години, овој проблем ќе се надмине и ќе се изградат модерни мостови за децата безбедно да ја поминуваат реката. Дури и откако ќе ја поминат реката, децата имаат уште 5 часа и преку 15 км пат низ шумата.

Прегледи:
609
Објавено на:
12.07.2019