Категории

Роби Вилијамс отворено зборува за своите психички пореметувања: „Од страв 3 години не можев да станам од кревет“

Славниот пејач Роби Вилијамс ја отвори душата и откри како долги години пати од агорафобија, страв од јавни места и многу луѓе.

Роби Вилијамс, славниот британски пејач кој веќе децении создава музички хитови, откри дека пати од агорафобија, ирационалниот страв од отворен простор, особено ако во него има многу луѓе. Симптомите на овој страв се напади на паника, анксиозност, па и депресија.

Вилијамс сега одлучи да го отвори срцето пред новинарите и за британските таблоиди раскажува како се бори со оваа фобија, а неговата професија воопшто не му помага околу тоа.

Честопати е изложен пред маса луѓе, обожаватели кои сакаат да го допрат и слично, а сето тоа предизвикува параноја кај пејачот.

Во моментот кога бил психички најслаб и кога живеел во страв, Роби според своето признание добил договор вреден 15 милиони долари во кој требал да го замени Сајмон Ковел како член на жирито во американското шоу „American Idol“. Имено, тој воопшто не можел ниту да излезе од домот и да го напушти својот кревет.

„Моето тело и ум ми велеа дека не треба да одам нигде, дека не можам ништо да правам. Сѐ во мене ми велеше дека само треба да чекам – па тоа и го направив“, открил пејачот.

Најтешкиот период за Роби траел од 2006. до 2009. година. Тогаш живеел во својата куќа замотан во наметка, јадејќи чипс и пуштајќи брада. Моментот кој променил сѐ бил оној кога ја слушнал на радио песната „Human“ од групата Killers. Тогаш сѐ се променило.

Имено, зборовите во песната гласат: „Понекогаш станувам нервозен кога ќе видам отворена врата“.

Поради оваа песна Роби одлучил да побара психијатриска помош и започнал со терапија. За среќа, вродила со плод, па по една година пејачот повторно се осмелил да излезе од дома, а процветала и неговата музичка кариера.

Но, враќањето не било безболно. „Не постоеше ритам ни причина за настапување во мене, се чувствував празно. Мислев дека настапувам ужасно, воопшто не знаев што правам“, рекол Роби.

Британскиот славеј веќе претходно признал дека пати од цела низа психички пореметувања. Едно од нив е и телесното дисморфно пореметување кое ја тера личноста да го мрази својот изглед поради некои мали физички маани. Пореметувањето предизвикува хронична несигурност и омраза кон сопственото тело. Освен тоа, Роби пати и од пореметување на ноќно јадење кое го тера навечер да го испразни фрижидерот.

Сепак, Роби и покрај сите проблеми успеал да добие низок степен на самодоверба и моментално се чувствува подобро од било кога. Исто така, тој е еден од најуспешните пејачи во историјата на британската музика. Продал повеќе од 90 милиони албуми и освоил 15 Британски Награди.

Освен тоа, Вилијамс во 2002. година го потпиша најскапиот издавачки договор во историјата кој вреди 80 милиони фунти.

Прегледи:
513
Објавено на:
18.07.2019