Најбогатиот човек на планетава – основачот на Амазон, Џеф Безос – купил 3 апартмани во зграда која се наоѓа на Петтата авенија.
Недвижниот имот во срцето на Њујорк, бизнисменот го чинело 80 милиони долари. Потпишал договор веднаш по разводот со неговата сопруга.
Во потрага по нов дом, поминал повеќе од еден месец. Како резултат на тоа, тој избрал поранешна фабричка зграда, изградена во 1912 година и реновирана во станбен комплекс во 2015 година.
Сите три станови се големи 1.5 илјади квадратни метри. Милијардерот има 12 спални соби, сала за вежбање, игралишта, огромно кино и терен за голф.
Погледнете како изгледа ентериерот на неговиот стан.