Категории

6 изненадувачки особини кои ги имаме наследено од нашите родители

Што сѐ можеме да наследиме од нашите родители?

Со текот на годините, добивме нови карактерни црти, кои се складирани во нашата ДНК. Експертите веруваат дека повеќето од нашите особини се само информации кои се напишани во нашите гени.

Ја наследуваме бојата на косата, очите, тенот. Сепак, тоа не е сè! Исто така го наследуваме и карактерот од нашите родители. Во продолжение ви претставуваме неколку особини кои нема да верувате дека сте ги наследиле од вашите родители.

Смисла за хумор

Мислите дека смислата за хумор е особина која сте ја стекнале со тек на времето? Најново истражување покажува дека ова е ген. Истражувачите откриле дека луѓето со краток алел на генот 5-HTTLPR се смејат почесто отколку луѓето со подолг алел од истиот геном.

Зависност

Ако нашите родители пушат цигари, постои голема веројатност дека и ние ќе имаме тенденција кон зависност. Истражувањата покажуваат дека генот D2 е 40-60% одговорен за подложност на различни зависности.

Штедење пари

Знаете да штедите пари? Тогаш, заблагодарете им се на вашите родители за тоа. Како резултат од едно истражување, се покажало дека тенденцијата за заштеда на пари е 30% во гените.

Фобии

Дали некогаш приметувате дека се плашите од нешто или го избегнувате, без причина? И во овој случај, гените можат да содржат информации од некои трауматски искуства од минатото на вашите предци или фобии со кои претходните генерации се бореле.

Музикалност

Една од многуте вештините што ги наследуваме од нашите предци е музикалноста. Според експертите, музичките способности ги добиваме од гените.

Чувство на стрес

Една студија, покажала дека луѓето кои се склони кон стрес можат да им ја пренесат оваа особина на своите деца. Експертите велат дека ако родителите се под стрес пред да добијат дете, постои ризик дека овие информации ќе бидат забележани во гените. Добрата вест е дека тенденцијата кон стрес може да се надмине – на пр. преку медитација – што позитивно влијае на вашиот генетски материјал.

Прегледи:
662
Објавено на:
23.07.2019