Категории

Со месеци живеела како бездомник: Денес е светска дива, а некогаш Џеј Ло останала и без покрив над главата

Несогласувањата и недоразбирањата со нејзината мајка довеле до тоа да мора да го напушти родителскиот дом.

Џенифер Лопез ја напуштила куќата само со облеката што ја имала во нејзиниот ранец. Поминала неколку месеци како бездомник и без ништо за јадење.

Таа морала да се справи со сè и сешто, вклучувајќи ги и несогласувањата со нејзините родители. Не сакале да и ја дадат својата поддршка, пред таа да стане една од најголемите ѕвезди во светот.

,,Се сеќавам кога се симнував по скали заедно со моите родители кога им реков: Знаете, сонував дека треба да бидам во шоу-бизнисот, па нема повеќе да одам на училиште.” изјавила Џеј Ло во едно интервју.

Тогаш, Џенифер имала само 18 години. Реакцијата на нејзината мајка била полоша отколку што можела да замисли. Па затоа, одлучила да ја напушти куќата, иако немала каде да оди.

Само со облеката која ја имала во својот ранец и неколку лични работи, таа бара од танцово студио, во кое оди од претходно, да и даде засолниште, а они прифатиле. Таму спиела неколку месеци. Имало денови кога нејзин единствен оброк бил парче пица.

И покрај сите проблеми, таа одбива да се врати назад кај родителите. По неколку месеци, почнале сите врати да и се отвараат. Била повикана да работи како танчерка во Европа и таа се согласува на тоа. Додека пак во Америка, таа настапува во една серија.

Нејзин нов дом станува Лос Анџелес и никогаш повеќе не се враќа во домот на нејзините родители.

Прегледи:
640
Објавено на:
24.07.2019