Категории

Лесни и вкусни крофни од рерна: Меко тесто полно со фил! (РЕЦЕПТ)

Кога ќе го подготвите овој десерт, целата куќа ќе добие магична миризба.

Состојки:

  • 200 мло млеко
  • 20 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка маргарин
  • 2 јајца
  • 400-450 гр брашно
  • малку сол
  • кора лимон

За фил:

  • џем или какао крем
  • шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Во млако млеко додадете го квасецот, јајцата, маргаринот, кората лимон, брашното. Покријте го па потоа премесете го.

По некое време повторно премесете го. Истурете малку брашно на масата и ставете го тестото па израмнете го со сукало.

Тестото со дебелина од 1,5 цм вадете го со чаша и редете го на плех кој е обложен со хартија за печење. рерната вклучете ја на 200 степени па намалете на 180 степени.

Печете ги крофните околу 25 минути. Откако ќе се испечат покријте ги со крпа да се оладат. Направете дупки на крофните, па со шприц ставете го филот. Избор за фил: џем, шлаг или чоколаден крем.

По желба додадете одозгора и шеќер во прав. Уживајте во овие лесни и вкусни крофни.

Прегледи:
1134
Објавено на:
30.07.2019