Категории

Ова е човекот кој успеал да предомисли преку 200 луѓе да скокнат од мост и да си го одземат животот!

Цели 23 години, сообраќајниот полицаец од Калифорнија, Кевин Бригс патролирал на познатиот „Golden Gate Bridge“ деноноќно.

Иако Бригс имал задача да се справува со сообраќајните несреќи на мостот, кога почнал да работи сфатил дека може да направи многу повеќе. Она што не го знаел тогаш е фактот дека Golden Gate Bridge е една од најпопуларните дестинации каде што се извршуваат самоубиства.

Првиот пат полицаецот Бригс се соочил со жена која се наоѓала на другата страна на ѕидот од мостот во 1994. година. Признава дека направил сѐ погрешно за да го спречи нејзиното самоубиство со оглед на фактот дека не бил обучен за оваа проблематика.

Тој набргу научил што треба да прави во вакви ситуации кога ќе се соочува со луѓе кои имаат намера да се самоубијат. Тој вели дека она што го сфатил е дека секој кој доаѓа до оваа ситуација има потреба од личност која ќе го сослуша и ќе сочувствува со него.

Во наредните 20 години, полицаецот Бригс спасил повеќе од 200 луѓе и ги одвлекол од намерата да го одземат животот.

Прегледи:
534
Објавено на:
31.07.2019