Категории

Уметници направија лулашки на границата меѓу САД и Мексико за децата да можат да си играат!

Иако на прв поглед ова изгледа како сосема обична глетка: Деца си играат на розови лулашки, безгрижно се смеат и разговараат едни со други. Но, ова е игралиште е многу поразлично од било кое друго. Овие лулашки се поставени од двете страни на челичната гранична ограда што ги раздвојува САД и Мексико.

Идејата потекнува од Роналд Раел, професор по архитектура на Универзитетот во Калифорнија, Беркли и Вирџинија Сан Фратело, вонреден професор по дизајн на државниот универзитет „Сан Хозе“ – и одамна доаѓаше на ова место размислуваќи како да ја оствари својата идеја.

Десет години подоцна, нивните идејни цртежи станаа реалност. Раел и неговата екипа ги инсталирале лулашките во паркот Сонленд парк, Њу Мексико, разделени со челична ограда од Сиудад Хуарез, Мексико. Во објавата на Инстаграм, Раел рече дека настанот е „исполнет со радост, возбуда на децата, а значењето има уште подлабоко значење”.