Категории

Денес се празнува летна Св. Петка Параскева: Жените не треба да ги прават овие две работи!

Македонската православна црква денес, 8. август ја празнува летна Света Петка Параскева – заштитничка на жените, светица која им помагала на болните и сиромашните.

Поради чудата кои ги направила, пред нејзините мошти и денес доаѓаат верници да молат за помош и спас од болести и други животни неволји. Овој празник е последен од циклусот на летните „женски празници“.

За овој празник се вели дека е женски бидејќи првенствено го праазнуваат жени кои денес не треба да месат, готват или работат било каква домашна работа за да не го навлечат гневот на светицата. Според народните верувања, на овој празник не се работи за да не ви трнат рацете во текот на годината.

Младите девојки, се верува дека денес треба да наберат цвеќе и со него да ја накитат куќата за во домот да владее слога и мир. На девојчињата денес им се облекуваат нови фустанчиња за да ги прати среќа наредната година.