Категории

Направете вкусна летна манџа во овие топли денови! (РЕЦЕПТ)

Направете брза и вкусна летна манџа совршена за топлите денови!

Состојки:

  • 5 зелени пиперки
  • 300 гр домати
  • 3 јајца
  • 100 гр сирење
  • малку масло за пржење
  • по желба магдонос

Подготовка:

Исчистете ги пиперките од семето и исечкајте ги на коцки, ставете ги во тава на загреано масло да се пржат,  а кога ќе ја променат бојата, додадете ги излупените и исечкани домати. Пржете додека парчињата домати не се растопат и додека не се згусни убаво нивната течност. Потоа изматете ги јајцата, пржете на тивко, кога се готови јајцата додадете го и сирењето искршено. За повеќе луѓе само дуплирајте ги состојките.

Прегледи:
2782
Објавено на:
13.08.2019