Категории

Дали пилатесот е новиот ботокс?

„Јас не стареам. Вежбам пилатес.“ 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Секаде се зборува за тоа како да се бориме со процесот на стареење. Не можеме да прочитаме статија, да појдеме на забава, дури ни да отвориме социјален медиум, без да слушнеме или прочитаме нешто за борбата против стареењето. Сите знаеме за ботокс, за филери и магични суплементи за слабеење. Исто така, знаеме и дека добрата грижа за кожата и здравата исхрана можат да помогнат против стареењето и да нѐ направат да се чувствуваме и да изгледаме поздраво. Меѓутоа, изгледа дека никој не зборува за тоа како пилатесот се бори против стареењето, без потреба од инјекции или скапи креми.

Ако помислиме на тоа што субјективно ни личи на „стара“ личност, веднаш помислуваме на брчки, висната кожа и сива коса. Но, лошиот телесен став или искривеност, исто така влијаат врз тоа да изгледаме постаро. Болката и дискомфортот предизвикани од лошиот став, влијаат и врз стресот, што дополнително остарува. Ако земеме две лица на иста возраст, каде едното лице е подгрбавено, а другото исправено, секако дека исправеното ќе ни изгледа помладо.

Во студии направени со близнаци, увидено е дека близнакот кој вежбал редовно пилатес, „остарел подобро“ од неговиот биолошки близнак. Ова укажува на тоа дека убавиот и фит изглед е многу повеќе од само ДНК. Пилатесот е една од најдобрите програми против стареење, бидејќи се осврнува на повеќе аспекти на фитнесот. Иако студиите направени за ефектите на пилатес врз телесниот став се малку на број, оние кои се направени, укажуваат на тоа дека пилатесот ефективно ја корегира хиперкифозата и кај помлади, и кај повозрасни лица, но најбитна е конзистентноста и редовното вежбање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Затоа, најдоброто што може да го направите за себе е да се посветите на спорт, кој ќе ви донесе прекрасен изглед и виталност. Започнете да вежбате пилатес во професионалното студио „PowerHouse Pilates“ и бидете горди на својот изглед и виталноста без разлика на годините. Инструкторките ќе ве насочат да постигнете најдобри резултати создавајќи програма против стареење на репертоарот на пилатес вежбите, фокусирајќи се врз зголемената мускулна снага, тренинг на флексибилност, вежби за став и рамнотежа.