Младата и талентирана Марија Спасовска никогаш не поминува незабележана од страна на публиката и жири комисијата, а интернационалниот фестивал „Тралала“ не беше исклучок. Таа ја освои престижната награда „Најдобра пејачка“ претставувајќи ја Македонија во Охрид во силна конкуренција како најмлада на фестивалот за филмска музика на кој учествуваа 28. кандидати од 21. земја од Русија, Украина, Словенија, Италија, Ерменија, Малта…
За овој настап таа ја избра композицијата „Reflection“ од Мулан.
Проследете го нејзиниот извонреден настап.