Категории

Чипс од јаболко: Здрава и вкусна закуска! (РЕЦЕПТ)

Не мора посебно да нагласуваме колку се јаболките здрави, па затоа оваа закуска е одличен избор. Витамини, минерали, овошни киселини, природен шеќер, сето тоа го нуди јаболкото, а на организмот му е неопходно. Чипсот од јаболко е нискокалоричен, а многу вкусен. Еве како се подготвува:

Состојки:

  • 2 јаболки
  • 1/4  шолја јаворов сируп
  • 1/2 лажичка цимет

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Додека се грее, јаболките измијте ги и извадете го средниот дел, па исечете ги на кругови. Во плитка тепсија ставете хартија за печење и наредете ги круговите од јаболкото, па премачкајте ги со смесата од јаворов сируп и цимет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rohina Anand Khira (@aa.living) on


Ставете ги во рерна два часа, а на секој половина час, вртете ги од другата страна за да се испечат рамномерно. Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат околу 15 минути.

Додека се ладат ќе станат крцкави.

Прегледи:
530
Објавено на:
20.08.2019