Категории

Како кучињата ни искажуваат љубов

Да, кучињата имаат „љубовен јазик“.

Во популарната книга, 5 јазици на љубовта, се објаснува дека секој има свој јазик и дека така искажуваме љубов со зборови. Но, дали знаевте дека вашето куче има свој јазик на кој јасно ви искажува љубов? Според д-р Ангела Хафс, различните раси на кучиња на различен начин искажуваат љубов кон нивниот сопственик или друго куче. „Расите се создадени за кучињата да имаат различен карактер, а со самото тоа и различно однесување. Затоа, секоја расна група има уникатни начини на искажување приврзаност “, објаснува ветеринарот. Нивниот јазик можете да го препознаете ако малку повнимателно погледнете во нивното однесување, но и во работите кои ги повторуваат.

На кои начини вашето куче ви „кажува“ ве сака?

Мавтајќи ја опашката
Кучето може да изрази многу емоции преку опашката, но кога ќе се опушти, ќе мавта со опашката и ќе изгледа како да се смее.

Поминува време со вас / следејќи ве насекаде
Кучињата потекнуваат од волците, кои се познати по нивната лојалност кон групата и дружељубивоста. Кучињата го сакаат истото, само тоа го покажуваат така што сакаат да бидат во иста просторија со вас и ве следат од соба во соба.

Со лижење
Дали вашето куче ве лиже додека седите и гледате телевизија? Бидете сигурни дека ова е начинот на кој тоа ви покажува дека многу ве сака. Ова е едно од наследните движења – младите волци ги лижат нивните мајки за да ги известат дека се гладни. Современото куче го користи овој инстинкт за да ни покаже дека се грижи за нас и дека не е закана. Ова исто така значи дека ве „средува“ и чисти, што е друга форма на приврзаност и интимност.

Седејќи ви во скут
Дали имате куче што сака да ви седи во скут? Или куче кое сака да легне врз вас? Вака кучињата искажуваат љубов и внимание, без оглед дали се потпира на вас, се витка во скутот или ја става главата под вашата рака. Тие исто така сакаат да спијат со вас (ако е дозволено) затоа што така волците спијат во групата.

Преку игра
Дали некогаш некое куче ве „поканило“ да играте со топка или играчка? Ова е исто така јазик на љубовта. Во зависност од кучето, игрите што искажуваат љубов можат да бидат различни. Многу кучиња сакаат да се вклучат во игра со вас за да формираат уште поголема врска, но исто така ја користат и вишокот енергија за да бидат со вас.

Прегледи:
838
Објавено на:
21.08.2019