Тајната за совршена насмевка се крие во вашата кујна …
Познато е дека белењето на забите од страна на стоматолозите не е најевтина и најбезбедна постапка бидејќи се во прашање хемикалии и затоа емајлот на забите ќе биде првиот што ќе страда во овој процес.
Затоа ви препорачуваме да се свртите кон природните процеси и да ги отстраните дамките од вашата насмевка.
Сè што ви треба е кора од банана, четка и паста за заби.
Истријте ги забите со внатрешноста од кората од банана. Почекајте 10 минути, а потоа убаво измијте ги забите со четка и паста.
Повторете го овој процес секој ден во наредните 2 недели.
Зошто е ефикасна оваа постапка: Магнезиум, манган, калиум се минерали кои се наоѓаат во лушпата од банана и тие се природни средства за отстранување на дамки на забите.
Ќе имате бели заби без употреба на тешки хемикалии и трошење пари. Звучи одлично, нели?