Категории

Анџелина Џоли ја „разголи“ својата душа и искрено проговори за својот живот

„Се обидувам да бидам одговорна личност и да правам се на вистински начин, но јас воопшто не сум совршена“

Актерката оскаровка, режисерика а пред се голема хуманитарка, Анџелина Џоли после долго време живеејќи повлечен живот без нови ангажмани и јавни појавувања, повторно се врати во спотлајтот.

Откако неодамна стана заштитно лице на легендарниот луксузен бренд за убавина Guerlain за кого вели дека бил омилен на нејзината мајка, и го промовираше својот парфем насловен како Mon Guerlain Intense кој е новата верзија на нивниот најпродаван парфем на сите времиња, Џоли отпатува во нејзиниот дом во северо-западна Камбоџа.

Таму се наоѓа фондацијата на нејзиното семејство која работи веќе 11 години и помага да се зачува животната средина и ги поддржува локалните организации.
Таа сподели детали од нејзината соработка со филмскиот директор и добитник на осктар Емануел Лубески со кого сними креативно видео за кампањата Soft meets Wild, таа исто така проговори околу одгледувањето на нејзините деца и мисијата тие да станат силни луѓе кои ќе ги следат нејзините стапки, и нејзината мисија во која помага да се зачува планетата земја.

„Работењето со Емануел претставуваше вистинско задоволство за мене. Тој е еден од оние луѓе кои размислува на ист начин како и јас, тој сака да ја претстави реалноста на луѓето преку своите проекти, наместо да се затскрива зад идеалната слика и да создава илузии кои се далеку од вистината. Со него ја работевме кампањата на мојот прв парфем и потоа продолживме со бројни други проекти, сакам луѓето да знаат да распознаваат кога им се продававаат лажни реклами.“

 

Актерката која неодамна го промовираше вториот дел на мега популарната бајка на Disney – “Maleficient” сподели за пораката која сакаше да ја пренеси во рекламата за нејзиниот нов парфем.

„Феминизам и слобода. Рекламите за парфемите најчесто пренесуваат живот од фантазиите. Ние сакавме да направиме нешто поинакво кое се базира на вистинскиот живот. Мојот дом во Камбоџа беше сон веќе долго време. Јас работев таму 17 години со мојата фондација и неодамна создадов и свој дом таму. Па тимот на Guerlain великодушно ја прифати мојата понуда, рекламата за новиот парфем да биде снимана таму. Заедно го откривавме чувството на слободата и женственоста, и што значи да се прават смели чекори во животот. “

 

Кога актерката беше запрашана дали поседува своја „дива“ страна таа даде доста интригантен одговор.

„Мислам дека секоја жена поседува палета од различни лица во нејзиниот карактер, Понекогаш ние можеме да бидеме нежни и слободни, исто така и диви колку што заслужуваме да бидеме. Постои многу измеѓу нас и нашиот потенцијал. Едно нешто кое сакам да го потенцирам и секому да му стане јасно е дека женската слобода не претставува агресивност, таа не е против мажите и не е лута, не е мрачна и секси, таа е среќна, радосна, женствена и ни припаѓа само нам. Таа е нашата природа.“

 

Актерката сподели дека во мисијата за зачувување на планетата земја која со години е нејзина главна преокупација ја следат и нејзините деца. Таа сподели дека уште од нивна рана возраст ги воспитува да бидат свесни за последиците доколку не се грижиме доволно за неа.

„Моите деца активно и страсно ме следат во мојата мисија. Тие исто како и јас поминуваат доста време на места како што се Камбоџа, Намбиа и останатите предели каде што може да се забележат ефекти од опустошување.“

Оскаровката откри дека еднствената најважна особина која таа им ја пренесува на своите деца и ги учи да ја применуваат е љубезноста.

„Љубезноста. Моите деца се доста силни индивидуи, и горда сум на себеси што успеав да ги израснам и претворам во такви личности. Тие имаат широки видици и „отворен ум“. Се обидувам да им бидам љубезна и великодушна, толерантна и да им подарам многу љубов, каква што беше и мојата мајка. Јас никако не сум совршена личност, но се трудам да им бидам најдобар пример што можам.“

 

На прашањето како би го опишала својот живот со еден збор и која е најлудата работа која ја направила во животот, актерката одговори.

„Мојот живот со еден збор би го опишала како Слобода. Затоа што без слободата немаш ништо. Слобода на мисла, слобода на движење, слобода за себе и за другите. Јас сум потполно свесна дека поседувам многу поголема слобода отколку мноштвото и за тоа сум бескрајно благодарна.
Кога е во прашање најлудата нешто, се надевам дека тоа ќе биде нешто кое допрва ќе го направам. “

Прегледи:
541
Објавено на:
31.08.2019