Категории

Најчестите соништа кои ги сонуваме и нивното значење

Експертите ни откриваат кое е значењето на најчестите соништа кои ги сонуваме

Сонувате дека паѓање или ви отпаѓаат вашите заби или пак дека сте задоцниле на работа, се разбира тоа се само соништа но тие имаат скриено значење.
„Соништата се потсвесни мисли. Тие се продолжени мисли на вашиот ден“ – Вели Лаури Ловенберх, сертифициран аналитичар на соништа. Додека спиете вашиот мозок проектира до пет соништа, иако вие не ги паметите сите од нив.
Еве кое е значењето на најчестите соништа кои ги сонуваме.

Сонувате дека сте се вратиле на училиште и имате тест
Најчесто овој сон е поврзан со работата изјавува Ловенберг. Училиштето може да се нарече вашата прва работа. Значењето на овој сон е дека наскоро ве очекува некој предизвик на работното место кој ќе бара дополнителен ангажман како што и самите тестови бараат. Можно е тоа да е некој нов клиент или задача која ќе води до унапредување.

Сон во кој се дружите со некоја позната личност
Несвесно понекогаш некои јавни личности оставаат голем впечаток на вас иако тоа не го забележуваме. Може да е некоја карактеристика која е слична на вашата, или пак нешто кое тие го направиле и сме се пронашле било да се работи за нивна улога во филм или нешто од секојдневниот живот. Луѓето многу често се идентификуваат себеси со ликовите од сериите и филмовите и многу нормално е тие да ги сонуваат актерите.

Сонувате дека сте задоцниле некаде на многу важно место
Ако работите на место каде што имате задачи кои морате да ги извршите во одреден рок, тогаш овој сон е вообичаен. Стресот да се заврши работата на време влијае на вас. Доколку тоа не е случајот, тогаш сигурно во вашиот живот правите нешто кое ви дава ултиматум, на пример брзате да завршите некоја обврска пред одредено време, или посакувате да ослабите до одреден период.

Сонувате дека сте бремени
Иако во реалниот живот не се обидувате да останите бремени, овој сон е позитивен и значи дека наскоро ќе се случат промени кои ќе придонесат во развивање на вашиот карактер и личност. Можеби во реалниот живот работите на некоја идеа, а овој сон ви предвидува дека таа ќе биде достигната.

Сонувате дека паѓате
Ова е најчестиот сон кој сите ние го сонуваме и е поврзан со несигурноста во самите себеси. Тој може да е поврзан со помислата дека не сте успеале да одржите контрола над себеси во некој момент од животот.

Сонувате дека ви отпаѓаат забите
Иако за овој сон постои познат мит дека значи смрт или болест, тоа воопшто не е вистина. Отпаѓањето на забите во сон значи дека во реалниот живот патите од анксиозност. Паѓањето на забите е поврзано со способноста да се „загризе“ некоја прилика. Веројатно во реалноста сте пропуштиле некоја прилика, или сте изгубиле моќ и мотивација за некоја работа.

 

Прегледи:
558
Објавено на:
31.08.2019