Категории

„Снежана“ утеши 6-годишно момче со аутизам кое имаше напад на паника во Дизниленд.

Мајката на 6 годишното детенце кое имаше напад на паника во Дизниленд – Лорен јавно во пост на фејсбук се заблагодари на вработената која маскирана како Снежана притрча на помош и го прегрна малото момче.

Таа напиша: „Јас сум толку емоционална, ви споделувам слики од случката во Дизниленд. Моето синче имаше напад на паника а принцезата Снежана беше тука да го прегрне. Ова е вистинска магија!“

Мајката која била заедно со нејзиниот сопруг, во посета на местото каде бајките се реалност, била премногу благодарна за таквиот гест на актерката, таа не можела да и се заблагодари доволно па одлучи да го сподели тоа на социјалните медиуми со цел да покаже дека хуманоста сеуште постои и таквите луѓе треба да бидат поздравени.

„Снежана го прегрна и тој легна во нејзиниот скут, потоа таа го бакна и му запеа, тој веднаш се смири.“

1

Прегледи:
479
Објавено на:
31.08.2019