Категории

Сопругата на Џастин Бибер во улога на принцезата Диана, но само на еден ден

Долго после нејзината трагична смрт, принцезата Диана сеуште претставува инспиранција во модниот свет. Таа беше една од оние дами кои и покрај нејзиниот кралски статус, не се плашеше да експериментира со стилот, па многу често можеше да биде видена во стајлинзи не баш типични за една принцеза.

Се чини дека таа е една од омилените музи на Хејли Болдвин Бибер, 22 годишната манекенка која е сопруга на познатиот пеач Џастин Бибер. Хејли неодамна беше забележана во неколку стајлинзи кои претставуваа копија на оние кои ги носеше принцезата пред 21 година. Нејзината стилска трансформација беше во соработка со магазинот Vogue кој ги објави сликите од нејзините стајлинзи на својот профил. Хејли притоа изјави голема благодарност и јавно сподели дека принцезата Диана отсекогаш била нејзин идол и модна инспирација.

Прегледи:
389
Објавено на:
03.09.2019