Познатите луѓе денес се најчесто оние кои заработуваат вртоглави суми и можат да си дозволат да купат тоалетна хартија направена од вистински долари.
Бидејќи не постои точно време кога среќата ќе се сврти на ваша страна, за жал на овие луѓе таа им се свртила откако тие починале.
Х.П. Ловкрафт
Денес легендарниот писател на хорор фантастика, Ловкрафт своевремено едвај имал пари да ги обезбеди своите основни потреби, се додека не починал од рак во 1937 година.
Џејмс Дин
Со вкупно резиме од само 3 филмови во својот живот, Џејмс Дин ја стекна денешната легендарна слава после неговата смрт кога всушност неговите филмови беа промовирани.
Винсент Ван Гог
Уметникот починал во екот на својата слава. Неговите најпознати дела беа комплетирано кратко пред неговата смрт, а потоа интересот околу нив стана шокантен.
Конфучие
Иако имал неколку лојални ученици, во Кина тој не бил баш многу познат. После неколку векови неговите учења станале светски познати.
Џек Кирби
Креаторот на Марвел универзумот никогаш не профитирал од своето дело. Починал пред Марвел да ја стекле својата светска слава.
Џејн Остин
Писателката чие дело „Гордост и предрасуди“ претставува едно од најдобрите класици во англиската литература била непозната во свое време, и никој не се интересирал за она што го пишувала. Се додека нејзиниот внук не ја објавил нејзината биографија во 1869 после 50 години од нејзината смрт.
Едгар Алан По
Тој никогаш не заработувал многу додека бил жив. Но продажбата на неговите книги го достигнала максимумот после неговата смрт, кога неговиот долгогодишен непријател Руфус Грисволд ја објавил неговата биографија опишувајќи дека бил пијан манијак.
Франц Кафка
Кафка изгорел голем дел од своите дела, и го замолил неговиот пријател Макс Брод да го изгори остатокот од она што го пишувал после неговата смрт. Брод ја игнорирал неговата желба и ги објавил неговите дела.
Брус Ли
Актерот веќе бил доста популарен во Азија, но она што го довело до врвот на славата бил филмот Enter the Dragon кој бил промовиран еден месец после неговата смрт.