На големо задоволство на најмладите, на 28. август се отвори најголемата игротека под отворено небо, Mondano Playground Center. Овој објект располага со капацитет од 1.400 м2, а во неа има огромен Трамполина парк, „Ninja Warrior“ парк, топки за одење по вода и уште безброј реквизити и колички – со еден збор сѐ што е потребно за децата да се дружат и забавуваат надвор од домовите и технолошките уреди.
Оваа игротека е во склоп на Мондано спортскиот комплекс и се наоѓа веднаш зад гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје. Спортскиот комплекс „Мондано“, веќе 8 години работи со гимназијата „Јосип Броз Тито“ и со стотици други млади помагајќи им да спортуваат и да се развиваат.
„Ние веруваме во тоа дека сите млади заслужуваат простор каде преку спортски активности ќе се развиваат и растат. Ни претставува исклучително задоволство кога учениците доаѓаат на нашите терении ги користат бесплатно. Тоа ни беше мотивација да го направиме Mondano Playground Center. Сега и најмалите ќе може да доаѓаат за да играат и спортуваат“, вели Виктор Михајловски од Мондано.