Категории

Ријана е прогласена за позната личност која мириса најубаво. Дознајте зошто!

Можете да се облекувате како Ријана, и да ја користите истата шминка како Ријана, но никогаш нема да можете да мирисате како Ријана, велат познатите откако познатата музичка ѕвезда беше прогласена за личност од шоу бизнисот која како што велат тие „мириса како рај“.

Околу оваа вест се огласија бројни ѕвезди кои се нејзини пријатели и оние кои ја имале таа чест да ја запознаат пеачката и да почувствуваат како таа мириса. За тоа дури се зборуваше и во неколку емисии каде сите оние кои се запознале со пеачката го споделиле искуството околу нејзиниот мистериозен парфем.


Тие покренаа истражување да откријат што е она што музичката ѕвезда го користи да прави таа да мириса толку убаво, додека некои од нив мислеа дека всушност е некој од нејзините лични парфеми, други ја демантираа таа вест конечно откривајќи го тајното оружје кое прави таа да е прогласена за ѕвезда со најубав мирис.

Наводно се работи за парфемот “Don’t be shy” од Killian. Но тајната не се крие само во парфемот туку и во хемијата на кожата споделија тие, не секој парфем мириса исто на различна личност, па така не се обидувајте да и парирате затоа што никој не може да биде Ријана, споделија нејзините обожаватели.

Прегледи:
521
Објавено на:
03.09.2019