Категории

Фитнес совети: Зошто е важно загревањето (ВИДЕО)

Загревањето се смета за многу важно бидејќи го подготвува телото за она што следува, т.е. за физички напор. Докажано е дека загревањето значително ја намалува можноста од повреда бидејќи телото постепено се навикнува на напор.

Доколку веднаш започнете со напорен тренинг, можноста за повреда би била огромна.
Загревањето е многу широк поим и секој се загрева на свој начин.
Некои џогираат, други прават вежби со многу низок интензитет, но во секој случај важно е да се загреат мускулите, постепено да се подигне пулсот и да се припреми телото за физички напор. Без оглед колку е напорен тренингот што планирате да го направите, не треба да го изоставате загревањето, многу е важно и во тренинзите со најмал интензитет.

Пред да објасниме зошто загревањето е многу важно, треба да се напомене дека е неопходно да се загрее целото тело, но особено мускулната група со која имате намера да работите тој ден. Иако планирате да тренирате одредена група на мускули, сепак направете загревање на целото тело.

Што добиваме со загревањето?

-Загревањето ја зголемува температурата на мускулите, што значително ја зголемува еластичноста на мускулите и овозможува значително да се зголемува интензитетот на тренингот.
– Го забрзува протокот на кислород во крвта. На овој начин, можете да издржите многу поголем напор затоа што крвта и кислородот многу полесно патуваат низ вашето тело.
– Зглобовите стануваат по мобилни.
– Значително ја намалува шансата за повреда за време на тренинзите.

Идејата за детално истегнување можете да ја видите овде.

Прегледи:
671
Објавено на:
05.09.2019